ОН: Под итно да се згрижат бремените Ромки под Кале

by fokus

Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) ја повика македонската влада, под итно да обезбеди сместување и нега за две бремени жени Ромки, кои живеат под ведро небо под Скопско кале.

Од Европскиот центар за права на Ромите(ЕРРЦ ) кои ја поднеле жалбата до Комитетот во името на бремените жени,  потенцираат дека Ромите останале бездомници токму поради македонските власти. Од таму посочуваат дека со нивна одлука, педесетина Роми беа исселени од импровизираните куќи под Кале, во кои живееја повеќе од 10 години.

Тие потенцираат дека тие биле иселени без соодветна постапка или консултација и спротивно на меѓународните обврски што ги има Македонија во однос на инклузијата на Ромите.

Од Европскиот суд за човекови права пак,  добиле одлука да се покрене брза постапка за случајот на Ромите кои беа иселени од живеалиштата и да се испрати итно известување до македонската Влада.

Од ЕРРЦ  го поздравуваат брзиот одговор на Комитетот на ОН и велат дека внимателно ќе ги следат настаните за да видат дали македонските власти ќе реагираат на тоа.

Поврзани новости