Охрид Фест на нова локација: Песните покрај езерски брег поубаво звучат

by Fokus

Со одбрани фолк нумери вчера започна 24 – то издание на Охрид Фест – Охридски трубадури. Настанот кој што ќе трае три дена привлече посетители од повеќе земји од регионот. Вечерва е резервирана за забавните песни, додека пак утре, во петок, следи интернационалната вечер, со гости од целиот Балкан.

Наместо во Долни Сарај, како во минатото, годинава фестивалот се сели во центарот на градот. Сцената е поставена помеѓу хотелот ,,Нова Ривиера’’ и брегот на езерото. На фолк вечерта, вчера, настапија Благица Павловска, Руса Андова, Петар Нечевски, Ленче и Горан Кукиќ, Милан Секуловски и други. Првата награда од публика ја добија Ленче и Горан со песната ,,Љубовна’’.

Денес, на поп вечерта ќе настапат Ѓоко Ѓорчев, Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски – Џафер и други. Утре, пак, публиката ќе се дружи со Маја Оџаклиевска, Маја Николиќ, Кристијан Ракимовски – Кики, син на Аки Ракимовски од групата ,,Парни Ваљак’’ и многу други гости од Грција, Бугарија, Пакистан, Албанија… Директор на фестивалот е Григор Копров.

Вики Клинчарова

Поврзани новости