Ограбена адвокатска канцеларија во Струмица, украдени 20.000 евра, машки часовник, златен накит

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во Струмица била ограбена адвокатска канцеларија, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера било пријавено дека на 20/21.01.2018 година во Струмица на ул.„Ленинова“ во адвокатска канцеларија на Ж.Л.(57), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил влезната метална врата, влегол внатре и одзел околу 70.000 денари, 20.000 евра, еден рачен машки часовник, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9мм и црна ташна во која имало 3.000 евра, 5.000 денари, златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости