Официјално: Саша Богдановиќ ќе биде кандитатот на СДСМ за општина Центар

by fokus

Откако веќе неколку денови неофицијално се пишуваше дека СДСМ во општина Центар на локалните избори ќе настапи со Саша Богдановиќ, вечерва тоа стана и официјално.

Потврда стигна од лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој на новинарско прашање, по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција, кој ќе биде кандидатот за општина Центар, одговори дека тоа ќе биде Саша Богдановиќ.

Поврзани новости