Одложена комисиската расправа, Ѓорчев ќе ја чека Јанева

by fokus

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓе заедниците на која се разгледува извештајот на СЈО денеска е одложена и презакажана за утре. Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев рече дека седницата е одложена поради отсуство на  подносителот на Извештајот на СЈО, односно обвинителкaта Катица Јанева.

Таа вчера ја напушти расправата и рече дека повеќе нема да се појавува, откако пратеничката Владанка Авировиќ поставуваше прашања во говор од речиси два часа. Јанева рече дека и се врши класичен мобинг.

Освен за извештајот на Катица Јанева, на дневен ред на Комисијата е и извештајот на Марко Зврлевски, но за него се уште не е започнато да се расправа.

Поврзани новости