Одбележана 16-годишнината од Рамковниот договор

by Fokus

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на  воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.

„Охридскиот рамковен договор и неговите принципи го претставуваат единствениот начин со кој во нашата држава ќе се развие и унапреди демократијата, ќе се почитува мултиетничкиот карактер и сите наши граѓани еднакво ќе ги уживаат сите права. За да биде ова реалност потребни се политичари визионери, со голема одговорност и цврста волја,  кои ги сплотуваат, а не кои ги разединуваат своите сограѓани“, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање.

Поврзани новости