Од врнежните поплавени подвозникот кај Бриколаж и клучката кај Континентал

by fokus

По обилните врнежи на дожд кои го зафатија Скопје и регионот на терен интервенираа екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, поради тоа што на поголем број локации се појавија поплави, како што се подвозникот на бул. Киро Глигоров (кај Бриколаж) и клучката кај хотел Континентал, соопштија од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

На овие локации краток период се создадоа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а по интервенцијата на екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, состојбата се нормализира и сообраќајот се одвива непречено и без застој.

Поврзани новости