Од внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ нема да предложат кандидат за лидер на вонредниот конгрес во Валандово

by Fokus

Од Централниот Штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот состанок истакнаа дека нема да предложат кандидат за претседател на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи наредната недела, на 23 декември во Валандово.

– Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес. Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина – информираат од Внатрепартиската Иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости