Обвинителството ги истражува причините за престрелката во Мала Речица, полицијата уапсила двајца учесници на пат кон Скопје

by Фокус

Причините за денешната престрелка меѓу две групи во Мала Речица, во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени, во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, соопштија од Јавното обвинителство.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици“, велат од обвинителството.

Од таму додаваат дека во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Поврзани новости