Обвинителство ги проверува видео снимките од трезорот со сефови на Шпаркасе банка

by fokus

Од Основното јавно обвинителство-Скопје велат дека од 30.11.2017 година постапуваат по пријава за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за пријави од пет лица на кои им снемало пари и предмети од сефовите на оваа банка.

Од Обвинителството, пак, велат дека пријавата по која постапуваат е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети.

„Оваа пријава веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката. Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на лице место. Притоа, се проверува кој се имал пристап до трезорот со сефови на банката“, велат од ОЈО.

Поврзани новости