Обуката за контролори на ДИК, теренски ќе бидат проверени 89.383 лица

by Фокус
Започнува обуката за контролорите на ДИК, кои ќе имаат за цел да ги надгледуваат анкетарите што ќе ја спроведуваат теренската проверка на сомнителните лица во Избирачкиот список.
Станува збор за 80-тина контролори, кои преку теренска проверка која ќе започне во сабота, ќе опфатени речиси 100.500 граѓани кои се покажале како спорни во избирачкиот список по вкрстената проверка.
Најновата бројка запишана во избирачкиот список која Државната избпрна комисија ќе ја проверува на терен е околу 89.300. Првичната бројка од 100.000 се намалува бидејќи во дополнителната проверка, Комисијата утврдила дека едно лице се појавува како дупликат по повеќе основи. Останатите ќе се проверуваат административно.
ДИК констатираше и 6.795 пријави на погрешни записи од граѓани. Од нив, дел ќе бидат административно проверени, додека 6.018 записи ќе бидат предмет на обработка и вкрстена анализа од страна на ангажираните експерти за информатичка технологија.
Теренеската проверка што ќе започне неделава ќе ја спроведуваат 374 овластени анкетари, а контролори на процесот ќе бидат раководителите на подрачните одделенија на комисијата. . Теренската проверка, според проценките на ДИК, треба да заврши за околу две недели.

Поврзани новости