ОБСЕ/ОДИХР: Немаше никакви насилства во изборниот процес

by Fokus

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР не забележаа никакво насилство и нерегуларности и доколку некоја партија има докази за прекршување на Изборниот законик, таа има правен систем на располагање како и механизмите на Државната изборна комисија за да ги оспори изборите, изјави денеска на прес конференција Одри Гловер, амбасадорка на ОБСЕ во земјава.

Меѓу забелешките што ги нотираат е дека премиерот за време на кампањата ветил владина поддршка за општините со градоначалници од владејачката коалиција, што според нив ја поткопува на поделбата меѓу државата и партијата и е спротивно на стандардите на ОБСЕ.

„Кампањата меѓу првиот и вториот круг генерално се одвивала во мирна атмосфера, а кандидатите ги воделе кампањите слободно и без ограничување, но ОБСЕ/ОДИХР исто така забележале конкретни наводи за притисок врз гласачите, заплашувања и купување на гласови од различни партии.

Во однос на медиумите, Јавниот сервис обезбедил балансирано покривање, односно посветил 25 отсто од информативното покривање за СДСМ, 24 за ВМРО ДПМНЕ, 20 за ДУИ, 15 за Беса. Приватните медуми, како и јавниот радиофузен сервис одвоил 40 отсто од просторот за СДСМ, а 35 за ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости