Облачно и дождливо време со засилен ветер

by Fokus

Променливо облачно и посвежо време ќе преовладува денеска во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 19 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаб дожд, а температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Поврзани новости