Обама во Атина ќе и замери на Грција за блокадата на Македонија?

by fokus

Америкаснкиот претседател Барак Обама при претстојната посета на Атина ќе изрази загриженост за дозволата за употребата на грчките пристаништа од руските воени бродови и за континуираното блокирање на приемот на Македонија во НАТО, пишуваат Лук Кофи (Luke Coffey) и Даниел Кочис (Daniel Kochis) во коментарот објавен на порталот Херитиџ (Heritage.org).

Како што се вели во коментарот на овие двајца автори, спротивставувањето на Грција за членството на Македонија во НАТО и легалноста на оваа позиција во однос на меѓународното право, ја доведе во прашање политиката на отворена врата на НАТО, а САД треба да ја поттикне Грција да дозволи Македонија да влезе во НАТО под условите на привремената спогодба од 1995 година.

Белата куќа објави дека од 15 до 18 ноември претседателот Барак Обама ќе ги посети Грција и Германија. Во Атина Обама ќе се сретне со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас.

Поврзани новости