ОБАЧЕ, ШТЕ ИСЧАКАМЕ ИЗБОРИТЕ НИ (Бог да нѐ чува и голман да брани)

by fokus

Пишува: Агим ЈОНУЗ

„Док си реко‘ кекс“, локалните избори ќе ни се нацртаат пред врата. Веќе видена слика на лигавење дека ако го изгласаме фиљан човек, од утре можеме слободно да сметаме дека животот ќе ни се смени сто посто. Хипокризија до балчак, лажење, срања од типот „ако ме изгласате мене, ќе го направите најпаметниот потег у живот“, а у суштина зад кулисите на поклонетите упаљачи на кои се пали народ и евтините пенкалца за кои се продава глас, стои болната порака „мој те мота око плота“! Јефтин народе. И пак, ве молам немој да ми инсинуирате дека реков „стоко“! Не, жими се!

Демос, раја, народ, или статистичка бројка за политички пасијанс

Колку ли „богопослани“ фаци се местат да ни заиграат пред очите и шарените памфлети што ќе ни ги делат активистите од врата на врата и колку ли ќе бидеме среќни што секој од нив како никогаш до тогаш ќе биде најдобар комшија, пријател, домаќин, чесен, доблесен, избричен, насмеан, а бе да имаш една ќерка да сакаш зет да го правиш. А и самиот потсвесно знаеш дека играта на „Mr. Jekyll & Dr. Hide“ штотуку почнала. Утре кога ќе одиш у Општина, ќе ти рече: „а бе знаеш, не можам, немам ингеренции‘‘! ШТО НЕМАШ БЕ ПИЗДА ТИ МАТЕРИНА, ПА ЈА СУМ ТЕ ГЛАСАЛ ДА МЕ ПРЕТСТАВУВАШ МЕНЕ!!! Ако те изгласам да седнеш таму у општина или да си ми градоначалник, тоа значи дека ЈАС сум те поставил, а не на мајка ти партијата. Она само те предложила. А, мајка ти само те родила и татко ти, за жал, таа вечер те направил! Мора да бил пијан.

ИЗБОРИ – „држи воду док мајстори оду“

Ајде сега сериозно да ѝ пристапиме на анализата затоа што веќе имам реакции дека сум несериозен. И тоа баш од оние „сериозните“ што ни го улепшаа секојдневието до ниво на тешка депресија измешана во антидепресиви и задолжителен дијазепам, зашто ако се фрлиме на алкохол, Скопска пивара ќе треба да воведе четврта смена. Кој ќе тепа на локалните избори? Круме берберот, кого народот од сѐ срце го обожава или коалицијата што ќе се пазари кого да гласа и ќе ни претстави некоја фаца со која у кафана никад не би седнал пошто ти е испод ниво, ама ако се мора, мора.

Личност, партија, коалиција или слободна волја на народот?

Па, секако слободната волја на народот (ова коа би се заебаале, нели)! Кој народ бе! Оној бе ало, глеј пред себе! Очаен народ. Бројка? Огромна. Чисти души. Гладни, жедни усти и очи вперени во сликите на Халкидики. Е ќе гледаш на интернет. Кој го видел, го видел, кој не, нека си машта навечер плажа пред да заспие со полн стомак гасови од гравот, кој стана луксуз во сопствената земја. Со верба во нешто што е над нив. Бог. Но, Бог е над сите нас, ама и државата е над нас како своевиден Бог. Над мене, тебе, сите наоколу нас, над нас, над нив. Над нив се сите тие за кои се расчистуваат крстосниците и пензионерите остануваат на тротоар со ќесето в раце додека некој глауч поминува со придружбата. Кој главуч ќе се изгласа? Еве кој:

Ќе се изгласа оној што ќе биде најдобра платформа за следните парламентарни избори!

Што тресам? Еве што! Најголемиот предизвик во моментов за локалните избори го имаат парламентарните партии, кои не смеат да згрешат во проценката со кого е најпаметно да коалицираат. Зошто ако се постави локална власт која „пењил не пењил“ ќе трае четири години, тогаш најголемиот предизвик е да се постави локална власт, која на евентуалните (сме навикнале) предвремени парламентарни избори ќе биде добитна комбинација. Зошто, ако се земе предвид дека „горната со долната“ власт мора да функционира и соработува, тогаш најтешката работа е во едно парламентарно мнозинство кое и не е така цврсто и обемно, многу нешта еден ден можат да бидат парадоксални.

Антагонизмот помеѓу позицијата и опозицијата е толку голем и дисперзивно по проблематика спротивен, што ќе биде многу весело ако некој одозгора рече „руши таму тоа и тоа“, а овој му рече најладно онака Чаирски „ма шо те ебам бе‘‘! На локално ниво ја одлучувам. Ај седи таму и не мрчи многу! Мислите дека таква ситуација не е возможна? И ТОА КАКО!

Албанците мува не ги лази, проблемот е кај Македонците

Молим?! Да… да! Од причини за кои долго треба да се објаснува и дискутира, во средините каде што се Албанците нив им е најважно да биде Албанец градоначалник и мнозинството албанско. Па, внатре сѐ ќе се договори, преговори, расчисти милом или силом, па ко треба и некој бокс ќе падне, ама таму и таму „има да има Шиптар“ и – крај! Таа тема е толку опсежна, а толку едноставна. Територијалната поделеност по етничко ниво е најбитно во западна Македонија и во Чаир. Реалноста го вели следново: ако некој смета дека СДСМ со квантумот на албански гласови може да се вмеша во играта за градоначалник на Чаир, треба да има предвид дека наредните четири години атмосферата во општината нема воопшто да биде порелаксирана од таа што во моментов е меѓу Кореја и САД. Зошто е тоа така, може да се испише докторска дисертација на социо-етно-политичко ниво, која немам намера да ја пишувам тука. Проблемот се отвора кај Македонците.

Што ти мене Македонците, бе! Еве што! Откако се исподелија на велепредавници и патриоти (Шиптарите се ионака дежурна Баба Рога), Македонците на ниво на локална власт а по партиско идеолошки клишеа најголемата борба ќе ја водат на ниво на „да расчистиме со криминалот“, а сето тоа у целофан замотано со машничка на која стои паролата „а бе пеер“ дај малку ја да бидам на власт, ебате“! Доста лапаше ти, па и ја имам душа!

А, „у чему је уствари ствар‘‘!

А бе „ствар је у гачама, ебате беља“. Како не разбравме до сеа. Македонија функционира на локално ниво одамна како едно големо претпријатие у кое се мењаат само директорите и „сајбиите“ (турцизам/газдите). До следната колумна ќе оставам отворено за размислување и за „отприлика“ одговор дали сум во право ако кажам дека во меѓувреме, а од патриотско-социјално-општествено квалитетни еволутивни промени… една маса копуци станаа милионери! ЛАЖАМ?!?

Ма, дај не сери Агиме! Ок… простете ми!

Сето останато е у филмот на „све че то народ позлатити“. А, свакако и изгласати својом слободном вољом. А у оваа држава свеста е на високо ниво. Toа е сѐ патриот до патриот, совесен до совесен, вреден до вреден, чесен до чесен, невин до невин! (ама под мишка, викаат кај нас у Чаир!). Сѐ зависи додуша што подразбираме под „високо ниво“. Па, ваљда гледано низ диоптријата на некој од „четврта фаза на перде на очите“.

Кој се дере таму дека сме бетер од Zimbabve, бе!!!

Пренеси му дека ако му дојдам ЌЕМУИБАМ ТОА ДАМУИБАМ! (чаирска фраза)

Држава ли сме бе што сме… него како!

Поврзани новости