Нуркачи биле ангажирани да ги чуваат фонтаните на „Скопје 2014”

by fokus

Старотот раководство на Општина Центар трошело по милионски суми за „чување” на спомениците од проектот „Скопје 2014-та”.

За чистење на фонтаните во центарот на Скопје биле ангажирани дури и двајца нуркачи со комплетна опрема, откри градоначалникот Андреј Жерновски, одговарајќи на прашање од советничката група на СДСМ на кој начин се трошеле парите за спомениците во Општината.

Месечно се давале по 88 000 денари за патролирање и надгледување на плоштадот „Македонија“, како и за контрола на „Паркот Жена Борец“ и „Капошово востание“.

Според Жерновски, двете одбрани фирми „ЛУПУС“, која се поврзува со Дејан Митровски – Урко, поранешен телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и „МДН Обезбедување“, биле регистрирани на иста адреса, но со различно име на фирма и различни сопственици.

Поврзани новости