НСДП: ВМРО – ДПМНЕ не е политичка партија, туку терористичка организација

by fokus

По убиството на демократијата извршено од страна на криминалната банда на ВМО-ДПМНЕ, процесот на трансфер на власта треба да продолжи. Бидејќи еден од нарачателите на кривичното дело неколку пати стави до знаење дека нема намера да го додели мандатот на партиите кои имаат мнозинство, парламентарното мнозинство треба веднаш да пристапи кон избор на нова Влада на Република Македонија и извршната власт да профункционира со полн капацитет, порачува НСДП.

Според НСДП, приоритетна задача на новата Влада треба да биде избор на нов јавен обвинител на Република Македонија и целосна промена на партиската со професионална полиција.

„Сметаме дека веднаш потоа надлежните органи треба да покренат постапка за кривична одговорност за сите учесници во крвавите настани во законодавниот дом, и тоа започнувајќи со Груевски и Иванов, како нарачатели, па преку оние кои повикуваа на линч(Анотнио Милошоски, Илија Димовски…), завршувајќи со разулавените криминалци кои посегнаа по животот на пратениците од парламентарното мнозинство и кои безмислосно го уништуваа имотот на граѓаните.“

НСДП предлага по конституирањето на извршната власт парламентарното мнозинство да достави барање и за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од групата на Европската народна партија.

Покрај кривичната одговорност на ВМРО-ДПМНЕ како злосторничко здружение, Собранието на Република Македонија треба што побрзо да создаде законски претпоставки и за нејзино исклучување од наредните циклуси на локални, парламентарни и претседателстки избори.

„По црниот понеделник од 2012 година и овој крвав пир во македонскиот парламент, организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека не станува збор за политичка партија, туку за терористичка организација. За терористи нема место во парламентарниот живот на ниту една земја, па ниту во Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

Поврзани новости