НСДП: Изборите беа фер и демократски

by Фокус

НСДП денеска во Скопје оддржа седница на Централниот одбор на која беше усвоен прелиминарниот извештај за локалните избори на кои коалицијата преводена од СДСМ убедливо победи.

„На седницата се оцени дека изборниот процес помина во фер и демократска атмосфера, со почитување на темелните слободи на граѓаните и нивното избирачко право, односно изборниот резултат претставува објективна рефлексија на политичката волја на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

Поврзани новости