Новиот премиер нареди безбедносните служби да проверат дали неговиот кабинет се прислушува

by fokus

Веднаш по преземањето на премиерскиот кабинет од Емил Димитриев, новиот премиер Зоран Заев, наредил безбедносните служби да направат целосна проверка дали просториите во Владата, особено кабинетот на премиерот има системи за прислушување и тајно снимање.

-Намерата ми е да бидам целосно отворен и транспарентен. Но, ова е кабинет на премиерот каде што верувам дека не би требало да има вакви апарати и системи, иако минатото покажа дека и тоа беше можно, рече Заев.

Поврзани новости