Новинарката на Канал 5, Сузана Мицева објави дека го прекинува својот ангажман во телевизијата

by Фокус

Новинарката од Канал 5 Сузана Мицева, преку фејсбук денеска извести дека го прекинува својот ангажман во телевизијата. Таа во образложението за напуштањето на телевизијата напиша дека „ги прескокнува сите травијалности, ми беше драго, вие сте такви, јас сум ваква“, вели Мицева. Нејзиниот пост Ви го пренесуваме во целост:

„Денес го прекинав мојот ангажман во Канал5.“

Сите ние имаме свои причини кои не водат во животот, субјективни, објективни…
Моите се ислучиво лични. Одлука која не верував дека ќе треба да ја донесам, но ете, решив во дел од наносекунда и за првпат во животот знам дека постапив чесно.

Сметам дека по овој ден, на погорниот мој исказ што и да додадете нема да згрешите. Останувам НОВИНАР, и да не се сомневате ако бидам приморана, отказ ќе дадам и во сопствената телевизија. До тој ден за кој се надевам дека нема да дојде, ќе ме следите преку Тв Канал Вис, и социјалните мрежи, па не гледам дека ќе ни трпи комуникацијата.

Секој има свој револт, ова е мојот начин да го покажам. Првиот чекор. Нема логика да говорам и критикувам тука, ако токму овие денови, од Струмица во совршена хармонична атмосфера ви зборувам за Карневал. Карневал, точно, има, ама во цела држава!!!

До моите колеги од 5-ка само добри желби и поздрави, имав убави шест години.

Поврзани новости