Новинарите протестираат пред Клубот на пратениците

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот Синдикат на новинарите и  на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот Институт за медиуми (МИМ)  во 11 часот организираат протест пред Клуб на пратеници каде заедно ќе го изразат  незадоволството поради  одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

-За нас, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието, стои во повикот за денешниот протест.

Новинарите дополнуваат дека организациите инсистираат решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се  обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите.

Поврзани новости