Новинарите положија цвеќе во сеќавање на протестот за Кежаровски

by Фокус

_DSC0490

Иницијативниот одбро за спас на новинарот Томислав Кежаровски денеска положи цвеќе во близина на Музејот на македонската борба за да одбележи една година откако полицијата не им дозволи на новинарите да протестираат пред новиот Музеј на македонската борба и да побараат ослободување на нивниот колега кој сѐ уште се соочува со казна затвор од 4,5 години.

Претставници на Иницијативниот одбор за ослободување очекуваат на утрешното судење на Апелација да се ослободи новинарот Кежаровски.

– Во име на иницијативниот одбор се собравме група новинари да го одбележиме денот кога точно пред една година одржавме протест со кој сакавме да ја повикаме власта и да го запознаеме македонскиот дека нашиот колега Кежаровски е осуден на 4,5 години казна затвор без никакви докази и без вина лежи во притвор. Тогаш бевме спречени со полициски сили кои не ни дозволија да отидеме кај музејот. Една година подоцна повторно сме тука да потсетиме дека нашиот колега Кежаровски е сѐ уште во притвор. Сакаме да истакнеме дека борбата за слобода и човековите права сѐ уште продолжува и знаеме дека на овој ден основањето на историската ВМРО всушност тоа беше идејата, мислата и агендата за борба за слобода и човечки правдини, но за жал денешната власт не ги почитува тие идеали на ВМРО. Го повикуваме Апелацискиот суд кој утре има рочиште во врска со жалбата на колегата Кежаровски. Ги повикуваме судиите да судат според законот и правата, да се откажат од политичкиот притисок и да покажат храброст и професионалност и да донесат праведна одлука и да го ослободат нашиот колега- порача новинарот Зоран Димитровски.

_DSC0503 copy

Поврзани новости