Нова лавина кај Бигорскиот манастир го блокира сообраќајот

by Fokus

Лавина, поголема од синоќешната, утрово повторно го блокира сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Во мавровско-реканскиот крај од вчера има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу шест часот, повторно дошло до срушување на лавина во близина на бензинската станица кај Бигорскиот манастир на стотина метри од местото каде синоќа паднаа околу илјада кубни метри нанос. Првичните информации од теренот упатуваат на податокот дека количината од снег, дрвја и земја е неколкукратно поголема од тој синоќа.

МИА

Поврзани новости