Нов протест пред Уставниот суд

by Фокус

Платформата АЈДЕ во понеделник во 12.00 часот ги повикува граѓаните масовно да учествуваат на протестот пред зградата на Уставниот суд.

– Ајде, во понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка. Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта! Во Македонија мора да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот – стои во повикот на АЈДЕ.

Поврзани новости