Нимиц на 2ри и 3ти јули во посета на Скопје

by fokus

Посредникот за името, Метју Нимиц, в недела и в понеделник ќе престојува во Скопје, а потоа ќе замине за Атина. Ова ќе биде негова прва посета откако е формирана новата влада, поради што нема преголеми очекувања. Според најавите од дипломатски извори, тој ќе разговара за процесот на преговори околу спорот, но конкретен предлог или резултат не се очекува.

По средбите во Скопје со македонскиот државен врв Нимиц ќе замине за Атина, на дводневни разговори со претставници на грчката влада.

Неодамна, во интервју за грчки весник, посредникот Нимиц изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата влада во Македонија. Тој и нефицијално изјавил дека доколку е Македонец, не би преговарал за сопственото име.

Поврзани новости