Никовски за трошењето народни пари на син му: Зарем гостите да ги понуди со Смедеревка?

by fokus

Ристо Никовски реагираше на денешната објава од Владата дека неговиот син, Александар Никовски како советник на Груевски потрошил 217.000 евра.

-А, Александар ја прифати функцијата во Владата без мое знаење, по средба во Лондон, и се откажа од 12 (дванаесет) пати повисоки примања бидејќи е консултант од светски калибар. Тој 20 години живееше во Лондон, каде и студираше, и работеше за врвни светски компании и како извршен директор за Европа. Невиден примитивизам е чепкањето на ресторанските сметки со врвни светски бизнисмени, чии фирми не ретко прават промет блиску или дури и поголем од БДП на Македонија, за да се коментира дека се пиело вино од неколку илјади денари! Веројатно требало гостите да се понудат со шприцер од смедеревка?, праша Никовски.

Поврзани новости