Незадоволен пациент пукал во доктор на скопската Абдоменална хирургија

by Fokus

Незадоволен пациент пукал во лекар на скопската Клиника за абдоменална хирургија, брифираат извори за „Фокус“. Тоа се случувало пред некој час, а во моментот хирушките клиники вријат од специјалци.

Според нашите извори, на клиниката биле тројца, кои го направиле инцидентот, пукале во лекарот, а последните информации се дека се уапсени.

Сите пациенти се надвор пред хирушките клиники преплашени од тоа што го виделе. За повеќе детали ќе ве информираме подоцна

Поврзани новости