Неуспешна мобилизација на партиското членство за најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пишува: Зоран Милошески

Исплашени од помислата дека новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ може да ја преземе контролата врз текот на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија и дека Трајко Вељаноски може да биде сменет од функцијата Претседавач, ВМРО-ДПМНЕ се обиде итно да ги мобилизира членовите од целата држава со намера да ги донесе на протест во Скопје.


Освен што тоа го направија преку провладините медиуми и платени соопштенија на социјалните мрежи, стандардно, директивата од Општинските комитети до партиското членство одеше преку СМС пораки. И покрај сѐ, одѕивот на членството за собирање пред партиските простории и заминување на протест, во сите градови без исклучок, бил многу послаб од очекуваното, заради што од некои градови автобусите воопшто и не тргнале за Скопје. Таков бил и случајот во Битола, за што сведочат и фотографиите кои до нашата редакција ги испратија граѓани на Битола.

Во прогласот кој организаторите на протестите од иницијативата „За заедничка Македонија“ го лиферуваа во јавност, меѓу другото се вели:

„Граѓани на Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција. Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето за финалната победа“.  

Поврзани новости