Немири во Вашингтон пред инаугурацијата на Трамп

by fokus

Илјадници демонстранти во моментов протестираат на улиците во Вашингтон, во пресрет на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Демонстрациите ескалираа во немири, откако толпата  почна да крши излози и да фрла предмети кон полицијата, на што таа возвраќа со солзавец. Демонстрантите се маскирани во црно и носат анархистичи обележја.

Инаку, денеса новиот американски претседател ќе се заколне пред претседателот на Врховниот суд, и со тоа официјално ќе почне неговиот претседателски мандат. Претседателот Трамп ќе се обрати на нацијата од Западното крило на Капитол, по што ќе ја предводи парадата до Белата куќата.

Поврзани новости