Нема притвор за Латас, но и понатаму останува без пасош

by fokus

Апелациониот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од Скопје, односно одлучи на уредникот Драган Павловиќ- Латас да му се одземе пасошот и еднаш неделно да се јавува во суд.

Второстепениот суд, пак, одлучувајќи по жалбата на СЈО со која браа притвор за Латас, ја отфрли истата и одлучи да се брани од слобода. Во образложението пишува:

-Овој суд ја прифати одлуката на првостепениот суд и не го прифати предлогот на тужителот истакнат со жалбата за определување на мерката притвор према обвинетиот, со поткрепа од фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и непосредно го убеди дека со неговото досегашно однесување во постапката и дадените наводи од кои произлегува ветување за присуство во понатамошниот тек на истата, а имајќи ги предвид фактите и околностите на случајот и изнесените од страна на странките, ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка, се вели во одлуката на Апелација.

 

Поврзани новости