Нема договор за изборите, работните групи се занимаваа со законот за забрана за објавување на „бомбите“

by Фокус
Работните групи го пробија рокот и не се договорија околу изборниот закон. Тоа требаше да биде сторено до полноќ, а денеска законските измени да влезат во собраниска процедура.Текот на преговорите вчера беше пореметен по поднесувањето на законот за поседување и емитување на содржината на аудиоснимките од прислушуваните разговори.

Странците предложиле избирачкиот список да се преверува теренски, а најпрво да се почне од спорните точки, паралелно да има и вкрстување на податоците од институциите, гласањето на дијаспората да се укине, а медиумите да не можат да бидат донатори во изборните кампањи, како и  трети лица да не смее да дава пари.

Поврзани новости