Нема да се користат спорните учебници што ги учеа децата да бидат лојални на власта

by fokus

Од Министерството за образование и наука прецизираат дека двата спорни учебника, кои досега се опфатени во процесот на ревизија, нема да бидат дел од наставната програма за новата учебна година, објави ТВ 24.

„Двата учебници нема да се користат во наставата и учениците нема да ги учат спорните содржини. Во меѓувреме професорите ќе продолжат да работат по разработените програми и силабуси” – информираа од министерството.

Станува збор за учебникот по општество за четврто одделение и учебникот по граѓанско образование за осмо одделение, кои предизвикаа бура од реакции во јавноста.

Поврзани новости