Дека со парите можеш да купиш многу нешта, но не баш се што посакуваш, како на пример бујна коса, докажа американскиот претседател Доналд Трамп, откако завчера при влегувањето во претседателскиот авион силниот ветар успеа да му го одлепи праменот од темето и го разлета во воздух.

Новинарката Ешли Феинберг успеала да ја сними незгодата на Трамп, кој е познат по својата чудна фризура, а видеото кое го споделила на Твитер веќе има милиони прегледи.

Имено, Доналд е верен на својата невообичаена фризура со децении. Често пати медиумите пишуваа дали носи перика, и како успева да го добие недефинираниот, но специфичен изглед на косата. Силниот ветар ја откри тајната на американскиот претседател, кој очигледно поради проретчената коса, подолгите прамени од напред ги зачешлувал назад, покривајќи ги проќелавените делови на главата.

Богатството на Трамп се проценува на 3,5 билиони американски долари. Сепак, понекогаш ниту богатсвото не може да помогне во остварувањето на нечиј сон, како на пример сонот на претседателот за бујна коса.

Вики Клинчарова

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.