Небојша Вилиќ: Муралот на плоштадот Скендербег е злоупотреба на уметноста

by fokus

Како проектот „Скопје 2014“, така и муралот на плоштадот „Скендербег“ претставува повеќекратна злоупотреба на уметноста, смета универзитетскиот професор по историја на уметноста, Небојша Вилиќ.

Во интервју за порталот Гласник, тој вели дека запрепастува иконографијата којашто е употребена, чија композиција е само ретро принцип и повикување на пропагандно едукативна функција на уметноста на иконографијата на соц-реализмот и уметноста на национал-социјализмот од првата половина на минатиот век.

-Муралот е поблизок до уметноста на националсоцијализмот во Германија. На овој мурал Албанецот е единствениот носител на „чистата“ етничка компонента во суверенитетот на „татковината. Како главен аргумент за оваа теза може да се земе пренагласената доминација на албанското знаме и грб и присуството на алегоријата на Албанија, изразено како млада девојка која го оплакува мртвиот јунак на левата страна и вториот пат како „Прометеј“ ја носи светлината на десната страна, вели Вилиќ.

Поврзани новости