Небојша Глоговац ја изгуби битката со болеста

by Fokus

Утринава на Институтот за онкологија во Белград починал популарниот српски актер Небојша Глоговац.

Веста за смртта на 48 годишниот Глоговац, кој беше еден од најангажираните актери во соседството ја пренесоа речиси сите српски медиуми. Пред десеттина дена, во лоша состојба тој бил хоспитализиран на институтот, по што беа откажани сите негови претстави.

Публиката го запозна како дел од актерската екипа во популарната серија ,,Подобар живот’’, а зад себе остави десетици филмски остварувања. ,,Рај’’ ,,До коска’’ ,,Семејно богатство’’ ,,Бумеранг’’ ,,Оптимисти’’ ,,Војна академија’’ ,,Јужен ветар’’ и во многу други фимови го покажа својот актерски талент, и беше еден од најнаградуваните српски актери.

Приватно, од бракот со сликарката Мина Глоговац има два сина, а набргу по разводот го доби и третото дете, ќерка, со партнерката Милица Шќеповиќ.

В.К.

Поврзани новости