„Не за криминалот, не за аболицијата!“ и на македонски и на влашки

by Фокус

Од 18 часот започна нов протест од Шарената револуција. Незадоволните граѓани се собираат на старото место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Денеска на чело на колоната демонстранти е двојазичен транспарент на македонски и на влашки јазик на кој пишува „Не за криминалот! Не за аболицијата!“. Натписот е и на влашки јазик во чест на сите Власи во Македонија и на нивниот празник денеска, односно Денот на Власите.