Не учеа денеска, ама ќе одат на училиште во сабота

by fokus

Стартот на учебната година со одлука на Министерството за образование беше пролонгиран за 4 септември, односно понделник. Сепак, учениците денешниот ден, први септември, ќе го одработат во некои од наредните саботи.

-Денот учениците ќе го одработат во утврдените саботите, учебната година ќе трае до 8 Јуни. Во основните училишта се запишани  20 437 првачиња, а во средните 17 364 ученици, меѓутоа бројките не се конечни, информираше министерката за образование, Рената Дескоска.

За непречено одвивање на наставниот процес, одобрени се нови вработувања во повеќе училишта низ земјава.

Поврзани новости