Не само за „бомбите“, власта спрема закон и за „свиркачите“, амбасадорите изненадени, преговорите во ќорсокак!?

by Фокус

Од извори во преговарачките тимови дознаваме дека Груевски во клубот на пратениците бил повикан кај странските медијатори за да го образложи решението на новиот закон за необјавување и повлекување на бомбите од сите медиуми.

Амбасадорите биле изненадени од текстот на законот кој го поднесе пратеникот Талат Џафери во име на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметале дека тој ги минира преговорите меѓу работните групи.

Пралелно се очекува да се поднесе уште еден рестриктивен закон т.н. свиркачи, односно луѓето што сакаат да обелоденат корупција во државните органи. Иако првична идеја е со овој закон да се овозможи нивна заштита, всушност решенијата на владејачката коалиција кријат многу замки.

Поврзани новости