Наумов: Спречивме да ја задолжат Македонија за огромна сума

by Фокус

Заменик-министерот за финансии, Кире Наумов, денеска изјави дека СДСМ спречила народот да биде задолжен за плус 230 милиони евра. Иако Владата планираше да се задолжи за 500 милиони евра, денеска се задолжи за  270 милиони евра со издавање на еврообврзница.

-СДСМ нема да дозволи неразумно задолжување што ќе ги задолжи следните генерации. Но, СДСМ нема да дозволи граѓаните да останат без плати, пензии и субвенции. Затоа го ставив мојот потпис на ова задолжување, изјави Кире Наумов.

Еврообврзницата е со рок на доспевање од пет години, а секоја година ќе се отплатуваат по 5,1 процени на име вкупен трошок. Наумов рече дека странските банки го почитувале Договорот од Пржино и новиот закон за Влада и затоа ја известиле Владата дека нема да позајмуваат пари без двоен потпис.

Заменик-министерот го повика премиерот Груевски да престане да го лаже народот во врска со виртуелниот економски развој и да го каже вистинскиот износ на јавниот долг.

Поврзани новости