Наставничкиот пленум поднесе инцијатива пред Уставен суд за екстерното

by Фокус

Наставничкиот пленум денеска поднесе иницијатива до Устваниот суд за екстерното тесирање. На иницијативата се потпишаа повеќе од 1.000 наставници, кои реагираат на низа нелогичности, како на пример впишувањето  на оценката единица од тестот во сведителството, казните и несоодветниот третман на овој кадар при оценувањето и начинот на кој се спроведува тестирањето.

-Она што би било најдобро сега да се направи  е уставниот суд да донесе времена мерка со која ќеја стопира примената на законот за екстерно бидејќи тоа е итно и важно за оваа генерација наставнивници и ученици, изјави Благоја Ѓорчевски, еден од потписниците на иницијативната.

Во говорот за Денот на независноста, премиерот Никола Груевски за несогласувањето и протестите против владините реформи во образвованието рече дека биле отпор кон знаењето, а пленумите ги етикетираше дека како партиски.

Поврзани новости