Наредната недела трета рунда преговори во Брисел

by Фокус

Преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои се водат под медијаторство на тројца европратеници ќе се интензивираат и следната средба ќе биде наредната недела, дознава НОВА ТВ. Точниот датум на средбата не е познат.

На првите две средби не беше донесено некое конкретно решение, туку била изразана заинтересираност од двете најголеми македонски политички парти за продолжување на разговорите. Доближување на ставовите се уште нема.

Преговорите се одвиваат под медијаторство на тројцата европратеници Едвард Кукан,Ричард Ховит и Иво Вајгл. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ Радмила Шеќеринска, Рената Треневска Дескоска и Виктор Габер.

Поврзани новости