Наредната недела првото обвинение од СЈО?

by fokus

По речиси една година откако Катица Јанева беше избрана за специјален јавен обвинител, период што го одбележаа препреки и притисоци, во СЈО се подготвува првото обвинение против неколку лица, објавува БИРН.

Според информациите на БИРН, станува збор за предмет кој досега не беше презентиран во јавноста, а обвинението се носи по скратена постапка, бидејќи станува збор за дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години.

Се очекува обвинението да биде поднесено во текот на наредната недела. Од СЈО не сакаат да коментираат и велат дека јавноста ќе биде навремено известена.

Поврзани новости