Нападнат новинар од Албанија на дебата организирана од политичка партија

by fokus

29-годишен новинар од Албанија, со иницијали А.Б. пријавил вчера во полициската станица во Струга дека бил нападнат од повеќе лица за време на конференција организирана од политичка партија.

Според полицијата А.Б. по претходна покана како новинар присуствувал во хотел во Струга на дебата организирана од страна на политичка партија, но во текот  на дебатата бил физички нападнат.

По нападот на новинарот му била пружена лекарска помош во Здравствениот дом во Струга.

За инцидентот во полициска станица е повикан И.Љ. со кого е извршен разговор. Против него, велат од полицијата, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од таму додаваат дека се работи на идентификација на останатите учесници во нападот.

Поврзани новости