Напад врз сопругата на реформаторот Богојески

by fokus

Сопругата на еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, попладнево била нападната од непознато лице.

Додека била во своето возило, лицето во неколку наврати со своето возило се обидело да предизвика сообраќајна несреќа, соопштија од МВР.

-На 19.07.2017 во 17.20 часот лицето К. Б. пријави дека во 16.35 низ централно градско подрачје додека се возела со своето возило, од страна на непознато машко лице кое управувало возило марка Шкода Супер во повеќе наврати пробувало да предизвика сообраќајна незгода. Пријавителката се обидела да побегне по што најблизу била до ПС Карпош таму е пријавен настанот.
По утврдување на идентитетот на возачот на возилото марка Шкода ќе бидат преземени мерки согласно законите на РМ, соопштија од МВР.

 

Поврзани новости