Највозрасниот пратеник во македонското Собрание побара легализација на истополовите бракови

by fokus

Највозрасниот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски од ДУИ денеска побара да се легализираат истополовите бракови во Македонија. Ова тој го побара на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Како што рече тој, геј луѓето се прекрасни и тие треба да добијат еднакви права.

-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец, изјави Манојловски.

Поврзани новости