Најстудено во Маврово, најмногу снег во Дебар

by Fokus

Најстудено изутринава во седум часот било во Маврово, каде се измерени -7 степени, по што следи Крушево со – 5, Пожаране и Ѓуриште со -3, Берово и Тополчани со -2, и Дебар со – 1.

Снежната попкривка во Дебар е највисока и изнесува 10 сантиметри, 9 во маврово, 8 во Пожаране, 6 во Крушево, 2 во тетово, 1 во Тополчани.

Времето во Македонија е претежно облачно, во западните делови со врнежи од снег. Дува умерен ветер од северен и северозападен правец.

УХМР за денеска најавува променливо облачно и постудено време со локални врнежи од снег, особено во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Поврзани новости