Надзорник од Идризово ги снабдувал затворениците со хероин

Надзорник облечен во униформа во затворот во Идризово се обидел да внесе пакетче со хероин.

Во моментот кога му бил направен претрес, надзорникот се обидел да бега и пекетчето со дрога го фрлил.

Тој денеска е во полициска станица, а по барање на обвинител од судот се издадени наредби за претреси во неговиот дом и други локации и истовремено се врши вештачење на дрогата.

Ова е трет случај годинава еден е решен со пресуда а за уште двајца постапката со месеци е заглавена во МВР.