Надворешниот долг на Македонија зголемен за 734 милиони евра

by Фокус

За една година, надворешниот долг на Македонија пораснал за 734,6 милиони евра, покажуваат податоците од Народна банка на Македонија. Сега надворешниот долг изнесува 5 милијарди и 954 милиони евра, а лани тој бил 5 милијарди и 219 милиони евра.

Со овој пораст на надворешниот долг, сега тој достигна  69,78 отсто од бруто домашниот производ, односно зголемување од  5,4 отсто.

Внатрешниот долг пак, во кој влегуваат  централната влада, локалната самоуправа и фондовите за социјално осигурување, е  2 милијарди и 125 милиони евра или за 516,7 милиони повеќе од 2013 година.

Поврзани новости