На запад ништо ново – Османи: Сите опции се во игра, нема конечна одлука

by fokus

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи предмалку пред седиштето на партијата во Мала Речица даде изјава за медиумите дека се уште не е донесена одлука за коалиција.

Османи рече дека се разговара за сите опции и се дискутираат добрите и лошите страни од секоја можна одлука.

-Не сме стигнале до моментот за одлука, дури ни до фаза да се стесни изборот околу една од опциите. Засега се одвива само дебата. Се разговара за сите пет опции, сите ги дават своите аргументи. Бараме од вас да бидете трпеливи, изјави Османи.

Поврзани новости