На вчерашното гласање имало над 45.000 неважечки ливчиња, околу 6.500 повеќе од претходните избори

by Фокус

На вчерашното гласање за избор на градоначалници и советници имало 45.181 неважечко гласачко ливче, утврдила Државната изборна комисија по пребројаните 99,5 отсто од гласовите.

Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во првиот круг од изборите изнесува 1.028.038.

На претходните локални избори во 2013 година имало 40.289 неважечки ливчиња, додека на последните парламентарни избори во декември минатата година евидентирани беа 38.712 неважечки ливчиња.

Поврзани новости